Често позира во долна облека: Која е новата девојка на Пике? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот Жерар Пике неодамна беше фотографиран со 23-годишната студентка Клара Марти на фестивал во Каталонија, а многумина ги интересира која е неговата нова девојка.

Клара е првата девојка со која Пике беше виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина.

Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.

Според The ​​Sun, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.

Шакира наводно не е среќна затоа што Пике се појавил во јавноста со Клара, пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со нови партнери во текот на првата година по раскинувањето.

Слични содржини