Четири лица загинаа во пожар во пензионерски дом во Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska

Четворица станари на пензионерски дом во Бугарија загинаа, а еден е тешко повреден во пожар што синоќа избувна во објектот, соопшти полицијата, пренесува „Бета“.

Загинале тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, додека еден жител на домот во Варна е хоспитализиран.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Се сомнева дека пожарот го предизвикал еден од штитениците во домот кој боледува од психички нарушувања.

Слични содржини