Четиригодишно девојче и уште пет други лица заболени од коронавирус, вкупно заболени 48 лица

од Aleksandar Todeski
371 прегледи

До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија. Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста“, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Со нови информации, Филипче ќе и се обрати на јавноста во 18 часот, за кога е закажана негова прес конференција во владиниот прес центар.

Слични содржини