Чизми со животински дезен се ултра модерни оваа есен

од desk4
586 прегледи

Оваа есен чизмите со животински дезен ќе бидат хит на сезоната, кога се обувките во прашање. Судејќи по она што можеше да се види на фотографиите со улична мода, во текот на модната недела во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, посебно се атрактивни тие со дезен од крокодилска или змиска кожа.

 


Трендсетеркит4е овие чизми на потпетица ги комбинираат со мини и миди сукњи, како и со фармерки, а секој изглед предизвикува воодушевување. На ревиите чизмите со животински дезен претставија од модната куќа „Клое“ чии модели се одликуваат со впечатлива потпетица, како и „Макс Мара“.
Најпопуларни се моделите со висина до колена, а покрај неутралните, поеднакво се атрактивни и чизмите во интензивни бои, како жолта и црвена.
Со оглед дека овој тренд е нов хит, понудата е богата со разновидни модели меѓу кои секој може да најде свој совршен чифт.

Слични содржини