Компанијата Ministry of Supply, позната по својата антибактериска кошула за регулација на температурата, на пазарот го претстави својот најнов изум-чорапи со кафе.

Карбонизираното кафе вметнато во чорапите го филтрира непријатниот мирис од стапалата.
Чорапите се направени од мешавина од памук и рециклиран полиестер. Во нив е додадено карбонизирано кафе. Според дизајнерите, овие чорапи функционираат на истиот принцио како и филтрите за вода.
Имено, карбонизираното кафе ги привлекува молекулите и ги прочистува отстранувајќи го непријатниот мирис кој произлегува од испотените стапала.
Овие чорапи со кафе се достапни во понудата на голем број интернет продавници.