„Чудесно“ спасување: Маж извлечен од урнатините 11 дена по разорниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska

Маж денеска бил извлечен од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, 11 дена по разорните земјотреси во Турција и Сирија, пренесе „Анадолија“.

Додека некои меѓународни спасувачки тимови ја напуштија зоната на земјотресот, сè уште се одвиваат „чудесни“ спасувања, објави „Ројтерс“.

Во силните земјотреси минатата недела во Турција и Сирија загинаа повеќе од 43.000 луѓе.

Слични содржини