Чулев: МВР ќе контролира дали се почитуваат мерките за самоизолација

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оддржа прес конференција во врска со мерките кои се превземаат за спречување на ширењето на коронавирусот.

-МВР ќе контролира дали лицата коишто имаат наредба за самоизолација доследно ја почитуваат мерката и ќе преземе соодветни дејства ако се утврдат прекршоци, Во рамките на министерството формирано е координативно тело со највисоките претставници на министерството кое секој ден има состанок на кој се дискутира за активностите на МВР и се издаваат соодветни инструкции за постапување. Полицијата во моментов обезбедува 310 граѓани кои се во изолација поради тоа што биле во контакт со заболени од корона вирусот, изјави Чулев.

Министерот информираше дека во МВР е отворена бесплатна телефонска линија.

Министерството за внатрешни работи од денес ја стави во телефонската линија 080000201 и мејлот каде граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

 

 

 

 

 

 

 

Слични содржини