Чулев: Патувањата за Велигден не се забранети,граѓаните да ги завршат обврските до 16 часот во петок

од Берта Китинска
137 прегледи

Со огледа на продолжениот викенд за време на празникот Велигден и можноста многу граѓани да се упатат кон своите викендички или станови во туристичките места, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев апелира граѓаните да ги организираат своите обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи навремено да пристигнат до посакуваната дестинација.

Полициски час

-Ограничувањето на движењето на граѓаните ќе трае од петок во 16 часот до вторник во 05 часот. Имаме еден пролонгиран викенд заради велигденските празници. Апелирам граѓаните да ги организираат сите свои обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи навремено да пристигнат на посакуваната дестинација. МВР ќе ги преземе сите неопходни работи и активности со цел непречено одвивање на сообраќајот непосредно до почетокот на полицискиот час, истакна министерот Чулев.

На новинарско прашање дека претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Могила, Оливер Ристевски, на 11 април крадел дрва за време на полициски час, министерот Чулев рече дека случајот е евидентиран во билтенот на МВР и оти не сака да навлегува во политичката припадност на лицата кои го сториле настанот.

-МВР постапува неселективно кон сите граѓани кои го кршат законот, така и со конкретниот случај, кој што е веќе заведен во полицискиот билтен, за истиот случај е информирана и јавноста, потенцира Чулев.

Слични содржини