Чулев само што седнал во министерската фотелја си набавил најскап телефон

од Берта Китинска

За набавка на два телефона за кабинетот на министерот Наќе Чулев, министерството за внатрешни работи платило 173.980 денари, дознава „А1он“.

За еден телефон, платено е 86.990 денари, што е и највисока продажна цена за мобилен уред во нашата држава. Едниот од уредите е наменет за министерот Наќе Чулев, а другиот, неофицијално, за неговиот шеф на Кабинетот. Двата телефона се набавени неколку дена по назначувањето на Чулев на функцијата технички министер за внатрешни работи.

Слични содржини