107
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека не може да стане збор за референдум во земјата за кредитната програма.
Според владин претставник на средба со четворица главни министри од кабинетот на премиерот рекол дека народот и доверил на Владата да донесува “судбоносни решенија”.
Како што веќе беше објавено Ципрас објави дека е подготвен на тежок компромис, за да се постигне договор со доверителите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.
На состанок во петокот вечерта со свои соработници Ципрас беше изјавил: “Ако се постигне одржлив договор, дури и ако компромисот е тежок, ќе го преземеме предизвикот”.