Иако Дубровник е една од омилените дестинации за американските туристи, CNN оваа година го означи како локација која треба
да ја избегнуваат.
Дубровник заврши на високото трето место од 12-те дестинации кои туристите треба да ги избегнуваат оваа година, по Ијзл од скај во Шкотска и Барселона во Шпанија.
UNESCO се заканува дека поради екстремно високиот број туристи во Дубровник да го одземи статусот на светско културно наследство.
Градските власти затоа решија да преземат драстични мерки, па го ограниција бројот на туристи кои ќе се качат на тврдината на 4.000 дневно, а лани во еден ден се беа качиле 10.388 луѓе.
Големата популарност на Дубровник стигна откако се расчу дека таму е сниман дел од серијата „Игра на тронови“.
Исто така, многу крузери застануваат во пристаништето, а се задржуваат во градот по три часа.
Според CNN треба да се избегнуваат и Ијзл од скај во Шкотска, Барселона во Шпанија, Венеција во Италија, грчкиот остров Санторини. хималајското кралство Бутан, Таџ Махал во Индија, Монт Еверест, Мачу Пикчу во Перу, островите Галапагос, Чинкве Тере во италија и Антарктик.