Секоја година британскиот Condé Nast Traveller составува листа на најдобри, што претставува „најдобро што светот може да го понуди“, односно дестинации кои треба да се посетат.

Оваа година, поради преубавите пејзажи и одлична храна Италија е прогласена за најдобра земја на светот, додека Норвешка доби награда за најдобра авио-компанија кога се во прашање кусите летови. Емиратите ги имаат најдобрите долги летови, а лондонски „Хитроу“ е најдобар аеродром.
Зан најдобар град е прголасен Лондон, а најдобра прекуморска дестинација е Париз, каде се наоѓа и најдобриот хотел Le Bristol Paris.
Белиот песок и преубавите плажи придонесоа Хаваите да бидат прогласени за најубави острови, додека грчките острови ја добија наградата за најдобра група острови.
Рим е прогласен за најдобар град на културата, додека Тајланд е „најдобар за луѓе“.
Јорк во Англија е најдобар град за оние кои сакаат архитектура – каде се наоѓа и Готичката катедрала и преубави неокласични градби.