Дали е ова најубавата олимпијка што ќе се појави во Токио?

од Vladimir Zorba

Младата Германка, Алиса Шмит важи за една од најубавите девојки во атлетиката, а нејзините објави на Инстаграм достигнуваат до неколку илјади лајкови, а има дури 1,7 милиони следбеници.

Оваа година, Шмит ќе дебитира на Олимписките игри во Токио. Олимпијадата започнува за 12 дена, а многумина се на мислење дека ќе биде најубавата олимпијка во ова натпреварување.

Мажите ја карактеризираат нејзината убавина како „парализирачка“, но Алиса не се грижи за комплиментите, туку е посветена на нејзината спортска кариера.

На само 22 години, таа ќе се натпреварува во категоријата мешана штафета, за време на која трчаат двајца мажи и две жени, како и штафетата 4х400.

Цела Германија навива за оваа убавица, а на социјалните мрежи секој ден се појавуваат фан страници кои ја бодрат.

Слични содржини