Дали кафето и чајот влијаат на хидратацијата на организмот?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали кафето и чајот влијаат на хидратацијата на организмот, иако имаат диуретичи својства? Еве што велат експертите.

Да се остане хидриран е една од клучните работи за целокупното здравје на телото, а пиењето вода е најдобриот начин за тоа.

Значи, ако кафето и чајот се прават со вода, можеме ли тоа да го сметаме како дневна хидратација? Одговорот е – да. Имено, телото ќе апсорбира течности во вид на кафе или чај, но, без разлика на тоа, не смеете да ја исклучувате водата, особено кога тренирате или сте болни и губите многу течности.

Дали кафето и чајот влијаат на хидратацијата на телото?

Шолја кафе не дава иста хидратација како иста количина вода, но без разлика, може да се вброи како дневен внес на течности. Бидејќи кафето е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур и содржи кофеин, многу луѓе веруваат дека тоа е дехидратор на телото. Меѓутоа, доколку не пиеме литри кафе или чај дневно, тоа нема да се случи. Експертите советуваат да пиеме и до две шолји кафе дневно, со вода. Хидратацијата со кафе сигурно ќе биде помала отколку со чиста вода, но и внесот на течности е важен.

И чајот содржи кофеин, но во многу помала мера од кафето. Ако испиете шолја чај се брои како да сте испиле ¾ шолји вода, додека со билните чаеви тоа е друг случај. Бидејќи тие не содржат кофеин – тие се еквивалентни на вода.

Кога зборуваме за различни видови кафе и чаеви со вкус, црното кафе или чајот нема да бидат толку хидратантни како лате (една шолја е еквивалентна на половина чаша вода или кој било алтернативен дериват на кафе и чај).

Иако млекото не се смета за добар извор на хидратација, докажано е дека го рехидрира телото после тренинг, па дури и подобро од некои спортски пијалоци. Се разбира, важно е пијалоците лате да останат без шеќер, бидејќи пијалоците со шеќер може да доведат до дехидрација.

Слични содржини