Дали кафето може да помогне во губењето тежина?

од Stefanija Kuzmanovska

Кафето е многу популарен пијалок во кој уживаат илјадници луѓе секој ден. Иако повеќето го консумираат за да се разбудат наутро, има и некои други придобивки од омилениот топол напиток.

„Некои студии покажаа дека кофеинот може да го забрза метаболизмот за околу три до 11 отсто, а колку е побрз метаболизмот, толку полесно се согоруваат мастите и се слабее“, вели нутриционистот Дејвид Винер.

Сепак, кафето нема да биде доволно за да се ослободите од сантиметрите на струкот.

„Потребно е да вклучите кардиоваскуларни вежби, тренинг за сила и здрава, хранлива исхрана во секој план за слабеење за да изгубите тежина на здрав и одржлив начин“, истакна тој.

Студија објавена во списанието Critical Reviews in Food Science and Nutrition, анализирала 13 испитувања кои ја испитувале врската помеѓу консумирањето кафе и губењето на тежината кај повеќе од 600 учесници. Колку повеќе се консумира кофеин, толку е поголемо намалувањето на индексот на телесна маса, телесните масти и тежината.

Сепак, постојат студии кои покажале дека оние кои консумираат кофеин имаат повисок индекс на телесна маса и проблеми со спиењето, а кога станува збор за слабеење, спиењето е еден од најважните фактори за постигнување резултати.

„Ако не пиете кафе, нема смисла да се префрлите на навика за кофеин со надеж дека ќе ослабете“, заклучува Винер.

Слични содржини