Европската унија ја обвинува Кина дека го користи новиот „Пат на свилата“ за шверц на стоки во Европа. Грција и Унгарија станаа главни центри за нелегален увоз на кинеска облека и чевли во ЕУ, а измамата се проценува на неколку милиони евра.
Големата шема вклучува намалување на вредноста на увезената стока со цел да се плаќаат пониски давачки и данок на продажба. Таа веќе беше откриена во Велика Британија, каде се е случуввала со години, што ја испровоцира Европската комисија да побара од Лондон да внесе дополнителни 2,7 милијарди евра во буџетот на ЕУ поради неплатени давачки, пишува Ројтерс.
Истражувачите од Европската канцеларија за спречување измами (OLAF) се сомневаат дека измамата о пракса се префрлила во Унгарија и најголемото грчко пристаниште – Пиреја, кое е во мнозинска сопственост на кинеската COSCO Shipping. Унгарските и грчките царински податоци покажуваат пораст на потценетиот увоз на облека и обувки од Кина во текот на изминатите две години. Овој тренд изненадувачки се совпаѓа со моментот во кој се забележува пад на потценетиот кинески увоз во Велика Британија, тврдат вработени на OLAF за Ројтерс.
„Вознемирен сме за тоа“, изјави директорот на OLAF Ернесто Бјанки, додавајќи дека следењето на увозните текови ќе биде зајакнато. Канцеларијата ги дефинира како потценети оние стоки кои се далеку под просечната декларирана цена во сите царини на ЕУ.
Царинските давачки за увоз на стоки од трети земји се директни приходи за ЕУ и претставуваат значителен дел од европскиот буџет. Тие се собираат од страна на националните власти и потоа се испраќаат до Брисел.
Ројтерс во април објави дека италијанските власти го испитуваат можниот незаконски увоз на кинески криминални банди преку пристаништето Пиреја.
Кинескиот сопственик COSCO Shipping сепак негира каква било врска со криминалната шема.

„Компанијата постојано се стреми кон глобално работење и
строго ги почитува локалните и меѓународните закони и продолжува да функционира во согласност со законите“, велат оттаму.
Кина сака да го претвори пристаништето во Пиреја во својот „влез кон Европа“, како дел од иницијативата за 126 милијарди долари “Еден појас, еден пат“, кој предвидува формирање на нов „Пат на свилата“ по морски и копнени рути, поврзувајќи го Пекинг со трговските партнери од целиот свет.
Според планот, брзата железничка и земска рута што поминува низ Балканот ќе ја поврзе Атина со унгарскиот главен град Будимпешта. Истражувачите се сомневаат дека истиот пат веќе може да го користат трговците со потценети и непријавени кинески стоки во Унгарија.
„Можеби е премногу рано да се прават заклучоци, но е алармантно дека измамниците денес очигледно ги сметаат инфраструктурните инвестиции како бизнис можност и за нив“, вели Бјанки.
Тој ги повика европските власти да се осигураат дека кинеската инфраструктура „не се користи за недозволена трговија“.