Дали „машките“ настинки навистина се потешки од „женските“?

од Stefanija Kuzmanovska

Иако постојат некои студии кои покажуваат разлики во одговорот на настинки на машкото и женското тело, тоа не би требало да претставува разлика.

Кога мажот има настинка, често го прикажува тоа како да е некоја тешка болест. Лежи на каучот, не може да прави ништо, додека кај жените е малку поинаку – тие го пијат лекот и одат на работа.

Но, дали навистина настинките се потешки кај мажите, и ако е така, има ли конкретна причина за тоа? Или тоа е само стереотип?

Некои експерти велат дека мажите и жените всушност можат различно да реагираат на настинка, а истражувањата покажуваат дека мажите можат да имаат повеќе симптоми од жените кога настинуваат.

„Што се однесува до обичната настинка, може да има некакво родово влијание. Женскиот полов хормон естроген ја забавува брзината на репродукција на вирусот, што може да доведе до помалку симптоми. Вирусот на грип може да не се шири толку брзо кај жените поради естрогенот и начинот на кој телото на жената реагира на него. Студиите не покажаа дали истото важи и за вирус на обична настинка“, вели д-р Ким Темплтон, хирург од болницата на Универзитетот во Канзас, која има направено опширно истражување за родовите разлики во здравјето.

Тој исто така истакнува дека делот од мозокот кој ја контролира телесната температура е поголем кај мажите поради тестостеронот.

Ова може да доведе до повисоки температури кај мажите отколку кај жените, вели Темплтон.

Но, овие работи можеби немаат големо влијание во справувањето со болестите. Доктор Арон Глат, претседател на одделот за медицина во болницата за заедници во Јужна Насау, вели дека постојат мали, но незначајни разлики во имунолошкиот систем на мажите и жените.

Слични содржини