Дали овесните снегулки се добар сојузник на губењето килограми?

од Stefanija Kuzmanovska

Ако се обидувате да изгубите тежина, појадокот е веројатно оброкот со кој го започнувате денот. Сигурно сте сфатиле дека колку порано ги внесувате првите калории, толку помали се шансите да се прејадете во текот на денот. А кога станува збор за здрав појадок, еден од изборите е овесната каша.

Тие редовно се рекламираат како здрава храна, бидејќи го полнат телото со енергија и други хранливи материи, а исто така можат да го намалат холестеролот и да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Но, овесната каша е всушност јаглехидрати, па многу луѓе се прашуваат дали тие се навистина добар избор доколку сакаме да изгубиме тежина. Одговорот на диетичарите е дека тоа зависи од видот на овесните снегулки и начинот на подготовка.

Типична порција неварени овесни снегулки содржи 307 калории, пет грама масти, 54 грама јаглени хидрати, еден грам шеќер, 150 милиграми натриум, 10 грама влакна и 10 грама протеини.

Диетичарката Линда Николакопулос ги смета за здрав додаток во исхраната бидејќи можат да ве заситат.

„Овесот е цело зрно, одличен извор на влакна и одличен за здравјето на дигестивниот систем. Може да ја зголеми ситоста, да го намали холестеролот, па дури и да подобри одредени кожни состојби, како што е егземата“, тврди Николакопулос, пишува Women’s Health.

Овесните снегулки содржат и задоволителна количина на протеини и други хранливи материи, во споредба со другите житарки, додава нутриционистот.

„Тие се одличен додаток на рутината за тренинзи на сила бидејќи протеините се потребни за обновување на мускулите. Комбинацијата на протеини, железо, фосфор и манган ја прави овесната каша оброк кој ја зголемува енергијата“, вели таа.

Помага во процесот на слабеење

Овесот содржи бета-глукан и неговото консумирање може да доведе до намалување на индексот на телесна маса, телесните масти и обемот на половината и колковите, според истражувањето објавено во списанието Plant Foods For Human Nutrition.

Редовното консумирање на овесна каша, исто така, може да помогне во контролата на одговорот на гликозата и инсулинот, особено кај луѓето со дијабетес, пишува списанието Nutrients.

Овесните снегулки се хранливи, и оброк кој ја спречува потребата од меѓуоброк и нездрави грицки.

За да избегнете претворање на порција овесна каша во висококалоричен оброк што ќе ве попречи од вашите цели, не додавајте сушено овошје или сирупи.

„Медот или јаворов сируп додаваат дополнителен шеќер и калории“, вели Николакопулос.

Нејзиниот совет е да го постигнете слаткиот вкус на ова јадење со додавање свежо овошје. Наместо вода, додадете млеко, малку путер од јаткасти плодови и замрзнати бобинки и јаткасти плодови.

„Така, го зголемувате процентот на протеини, калциум, витамини, антиоксиданси и здрави масти и ја претворате едноставната чинија овесна каша во комплетен оброк“, објасни експертот.

Во варената овесна каша можете да додадете јајца, авокадо, зеленчук и зачини по ваш избор и да добиете сосема ново јадење во вашето мени.

Слични содржини