Дали овој прстен ќе ја сопре епидемијата на ХИВ во Африка?

од desk2
83 прегледи

Таен прстен кој жените го поставуваат длабоко во својата вагина помага во спречување на ширењето на вирусот ХИВ во Африка.

Експерименталниот медицински прстен кој содржи антрирертовирални лекови се уфрла длабоко во вагината, а за седум долари може да се носи цел месец.

Жените во Малави го користат како вид контрацепција и како превентивна мерка против зараза од партнерот кој одбива да носи кондом.

Мажите во оваа земја имаат многу секс, па на жените им е тешко да преговараат за безбедност на сексот, и токму тоа е главна причина зошто бројот заболени со ХИВ е висок.

Речиси 10 отсто од популацијата има ХИВ, а се верува дека овој прстен кој мажите не можат да го почувствуваат ќе помогне во превенцијата.

Прстенот сè уште чека медицинско одобрување за да биде достапен во сиромашниот свет, а можноста од зараза ја намалува за 92 отсто.