Дали руските научници ја создадоа вакцината против коронавирусот: СЗО ја ставила на списокот за потенцијален спас за планетата

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација ја ставила на списокот со потенцијални вакцини.

Институтот за истражување за вакцини и серуми на Руската Федерална агенција за биомедицина објави денес дека нејзината вакцина против коронавирусот е вклучена во списокот на потенцијални вакцини, составен од Светската здравствена организација (СЗО).

Досега, тоа е единствената руска вакцина на списокот, соопшти институтот, лоциран во Санкт Петербург.

Вакцината е рекомбинантен протеин, базиран на епитомите на површинскиот С-протеин на вирусот КОВИД-19.

Како се наведува, вакцината што ја развил рускиот институт веќе е тестирана кај животни и докажана е нејзината способност да даде специфичен имунолошки одговор на вирусот САРС-КоВ-2.

Слични содржини