Пред извесно време во Норвешка се појави иницијатива за стогодишнината од независноста на нивната соседна Финска, да и дадат дел од својата територија, пограничнна планина со врв од 1.330 метри, што би била највисока точка на Финска.

Но, оваа идеја не беше можно да се оствари поради тоа што е противуставна во Норвешка. Норвешка, според Уставот е територијално неделива.
За жал тоа не е можно, одговори премиерката на Норвешка на барањето од Финска по повод стогодишнината од нивната независност Норвежаните да им подарат некој планински врв.
„Според нашите уставни одредби не е можна промена на границите на Норвешка. Норвешка е неделива“, напиша Ерна Солберг, премиерката на Норвешка, во писмото до градоначалникот на пограничниот град на северот од земјата кој ја поддржа оваа иницијатива.
По оваа информација, Пеце Талески од невладината организација ОХО се јави со официјална иницијатива испратена до министрите за образование и за надворешни работи Рената Дескоска и Никола Димитров.
„Барам ваша поддршка да побараме Македонија да ѝ отстапи некој врв повисок од 1.350 метри на Финска (го предлагам Бабин Заб над Дихово, Битола или Вртешка над Преспа). Со тоа, овој врв би бил највисок на Финска (ако може Сете во Франција да биде официјално пристаниште на Швајцарија, Бабин Заб може да биде највисока планина на Финска). За возврат, Финска, како несомнен лидер во образование во светот, да ни испрати експерти, двајца се доволно. Тие во наредните 10 години ќе работат на реформи во образованието во Македонија. Вин-вин ситуација за сите. Бенефитите се несогледливи.
Се надевам дека ќе ја поддржите оваа идеја“, пишува во писмото Талески./МКД
Гласајте овде