Дали Трамп ја укинува помошта за Украина?

од Марта Пешевска
120 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со официјални лица на кои ќе се разгледа можноста за  потенцијално преземање на мерки против Киев, вклучително и прекин на воената помош, пишува Њујорк Тајмс. На средбата покрај советниците за национална безбедност ќе присуствуваат  и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да разговараат и евентуално да преземат акција за стратегијата за Украина.

Се претпоставува дека дискусијата би можела да резултира со суспендирање или дури и целосно прекинување на воената помош за Киев, вклучително и испорака на муниција и опрема одобрени од администрацијата на Џо Бајден.