„Данас“ за синот на Вучиќ: Слика која покажува дека мафијата има пристап до самиот врв на државата

од Nikola Popovski
283 прегледи

Врската помеѓу синот на Претседателот на Србија и лицата запишани во базата на српското министерство за внатрешни работи како членови на „кавачкиот клан“ покажува дека членовите на еден од двата најсериозни криминални кланови во регионот имаат пристап до самиот врв на државата.

фото: Крик.рс

Новинарката од порталот „Крик“, Бојана Паловиќ била пресретната од неколку лица, откако го фотографирала синот на Претседателот на Србија, пред ресторан во центарот на Белград со личност поврзана со „кавачкиот клан“, пишува порталот „Данас.рс“.

Таа потенцирала дека контактите на синот на претседателот со лица кои се поврзани со организиран криминал се легитимна новинарска тема и дека Данило Вучиќ е возрасен граѓанин на Србија.

Набргу потоа, ја пресретнале три лица кои се претставиле како службеници, велејќи ѝ дека ќе биде приведена и дека мора да почека да дојде полициската патрола.

Тие инсистирале таа да ги избрише фотографиите од телефонот, тврдејќи дека „може да имаат проблеми“ поради нив.

Наскоро се појавиле уште две лица кои не се претставиле, од кои едниот ѝ го зел телефонот на новинарката на Крик.

На прашањето зошто го сторил тоа, тој додал дека не мора ништо да објаснува затоа што е цивил.

После тоа, на групата им се придружиле Александар Видојевиќ и Немања Сречковиќ, членови на навивачката група „Јаничари“, кои биле во ресторанот, а тројцата полицајци си заминале.

Според Бојана Павловиќ, тројцата службени лица не реагирале кога пристапиле двајцата мажи, од кои едниот и го украл телефонот.

– Додека се обидував да го вратам телефонот и да викам, дојдоа Видојевиќ и Сречковиќ. Разговарав со нив, па не го видов ниту моментот кога полицајците си заминаа. Ми го вратија телефонот и рекоа дека со години ги загрозувам со текстовите што ги пишував за нив. Кога го прашав дали можам да заминам, тој одговори потврдно и рече да бидам искрена и да не пишувам како некој ми се заканувал, вели Павловиќ. Таа додала дека е во комуникација со адвокатот и дека ќе разгледа во која форма да се обрати до Министерството за внатрешни работи со цел да се осветли целиот настан.

Фотографијата од центарот на Белград е само една во низата докази дека Вучиќ и Видојевиќ се блиски пријатели.

Во претходните две години Крик објави уште три фотографии од синот на претседателот Вучиќ и лице кое е поврзано со хулиганската група „Јанчари“, која беше предводена од убиениот Александар Станковиќ.

Првата фотографија од двајцата е направена во 2018 година за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Костарика на Светското првенство во Русија.

Покрај двајцата, на сликата има и други членови на оваа навивачка група, од кои некои биле осудени за трговија со дрога и носење оружје.

На почетокот на годината била објавена фотографија од Бања Лука од прославата на Денот на Република Српска.

На таа фотографија, првиот човек на ФК Црвена звезда, Звездан Терзиќ, седел во друштво на Вучиќ и Видојевиќ, како и синот на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.