Даниел Крег се вратил во улогата на 007 бидејќи знаел дека ќе влезе во историјата

од Vladimir Zorba

Британскиот актер Даниел Крег паднал во искушение да се врати на улогата на агент 007 Џејмс Бонд, бидејќи знаел дека така ќе “напише историја”, истакнувајќи 13 години во ликот. Претходно 49-годишниот Крег беше контроверзен за тоа дали сака повторно да биде омилениот таен агент на Британија, но во едно неодамнешно интервју официјално потврди дека ќе учествува и во наредниот 25-ти филм за херојот.

На прашањето во преносот на Стивен Колберт дали повторно ќе е 007 Крег вели: “Да. Многу сум среќен “.

Извор на “New York Daily News” наведува дека одлуката на Крег била повлијаена како од финансиската понуда, поврзана со улогата, така и фактот дека тој ќе е 13 години во ликот на Бонд – најдолго задржаниот актер во улогата.

Се очекува новиот филм од серијалот за британскиот агент да излезе во 2019 година.

Слични содржини