Дара Бубамара повторно дивее: Не управува со воланот и брзина од 158 км на час (ФОТО)

од Nikola Popovski

Пејачката Дара Бубамара е позната како некоја која негува љубов кон бесните и скапи автомобили, со кои често се фали. Познато е и дека сака брзо возење, затоа што често објавува видео од автомобилот на својот Инстаграм профил, додека е „дивее“ на автопатите, возејќи над дозволената брзина.

Но, овој пат, покрај брзото возење, пејачката направила и уште еден сериозен прекршок, со кој секако се пофали.

Со брзина од 158 километри на час, Дара ја понелаеуфоријата поради песната на Лепа Брена „Југословенка“, па ги крена двете раце од воланот за да се радува. После ова, Дара објави повеќе клипови во кои пее додека музиката свири од радиото, а во кои може да се види дека возела над 150 километри на час во тоа време.

Да потсетиме, на почетокот на месецот Бубамара се пофали дека возела 159 километри на час по автопатот. Само неколку часа откако се пофали со своето дивјачко возење, Дара возеше по белградските улици, односно во населено место, со својот луксузен автомобил со брзина од 105 километри на час. Да бидат работите уште полоши, во тоа време во автомобилот биле нејзиниот дванаесетгодишен син Константин и двајца негови пријатели.

Слични содржини