Де Ниро пцуеше во интервју на Си-ен-ен : Трамп не смее да биде претседател. Точка.

од desk2
459 прегледи

Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро никогаш не криле дека не е фан за американскиот претседател Доналд Трамп , но сега и конечно потврди на интервју за Си-ен-ен.

Во емисија на оваа телевизиска мрежа Де Ниро рече дека мора да се случи импичмент на Трамп ,,Мора да се случи , не може да се одмине,” , рече актерот.

“Тој човек даде се, направи полошо отколку што можев да замислам. На денот кога беше избран, реков дека ќе му дадам шанса. Никогаш не можете да знаете. Тој е полош отколку што замислував”, вели легендарниот актер, и додаде дека мисли дека Трамп можеби е – луд.

“Не знам . Мислам дека е луд на некој начин. Дел од него е едноставно луд. Можеби медицински луд, така почнува да ми се чини “, вели Де Ниро.

“Кога го видов пред хеликоптерот како чека да оди некаде и разговара без да застане и да се поти, помислив:” Овој човек не е ни свесен за тоа што прави. Барем треба да праша некого за марамче или нешто, да се исуши “. Каде сме ние? Ова е луд свет. Што се случува? Овој човек е луд, треба да го тргнеме “, рече актерот во бруталниот напад кон Трамп.

„Тој не смее да биде претседател“, рече Де Ниро.

Презентерот потоа го праша што мисли за критиките што ги доби актерот од Фокс, откако изјави на наградите Тони: „ Да го …ш Трамп“.

„Ги …ш нив , ги …ш“, повтори Де Ниро.

Слични содржини