Дедо Мраз од хеликоптер со подароци за армиските дечиња

од desk2
172 прегледи

Транспортен хеликоптер од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“.

По атрактивниот прелет и пристигнување, најомилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Оваа традиционална предновогодишна манифестација во организација на припадниците на воздухопловната бригада оваа година беше збогатена и со настап на денс студио „Мак“ од Куманово и кулурно уметничкото друштво „Гоце Марковски“ од Скопје.