“Дејли Меил”: Русија се подготвува за “глобална војна”, и и нареди на елитата да ги прибере блиските во татковината!

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Руските деца, присутните по странски образовни институции, треба веднаш да бидат вратени дома

ruski-tenk
Русија им нареди на сите свои официјални лица да ги врати дома сите свои роднини, кои во моментов се наоѓаат зад граница, во  позадината на зголемената тензија меѓу Москва и Западот и изгледите за глобална војна, пишува британското издание “Дејли Меил”. Се тврди дека политичарите и високите лица  добиле предупредување од претседателот Владимир Путин да ги приберат своите блиски во “Татковината-мајка”.

Ова се случува откако Путин ја откажа планираната посета во Франција на позадината на контроверзностите околу улогата на Москва во сирискиот конфликт. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов исто така, предупреди дека светот се наоѓа на  “опасна точка” поради  постојано заладените односи меѓу САД и Западот.

Според информација на весникот Daily Star, вработените во администрацијата, регионалните администратори, законодавците на сите нивоа и вработените во државните корпорации добиле наредба веднаш да ги приберат децата од странските училишта. При одбивање да ги почитуваат наредбата, тие нема да имаат шанси за унапредувања .

Конкретна причина за овој чекор се уште не е познати. Но рускиот политички аналитичар Станислав Велковски, цитиран од Daily Star, вели: “Тоа е дел од пакетот мерки за подготовка на елитата за” некаква голема војна “”.