Делбите се најголемата пречка за напредок на државата, да ги запреме поделбите, повика Битиќи

од Vladimir Zorba

Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба. Пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест. Таму, со повикот до комшиите и пријателите без разлика вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден, сподели вицепремиерот Фатмир Битиќи, по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба.

„Делбите се најголемата пречка за напредок на државата. Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство“, истакна тој.

Слични содржини