77
Тие сакале да го насочат вниманието на својот проблем од оние од политичката ситуација во Турција
Група од околу 30 курдски демонстрантивлегле за околу два часа во регионалното студио во Дизелдорф на германското радио WDR, јави националниот весник Die Welt. Инцидентот се случил во ноќта наспроти петок.
Портпаролот на полицијата информираше дека демонстрантите сакале да го насочат вниманието кон политичката ситуација во Турција со постери и скандирања на курдски јазик. Групата протестираше мирно и на инсистирање на вработен на радиото е напуштила доброволно зградата. Повредени нема.
По обидот за државен удар на војската во Турција курдската заедница во Германија предвидува масовен егзодус. “На краток рок очекувам десетици илјади, а на среден неколку стотици илјади лица, баратели на азил од Турција во Германија”, изјави претседателот на курдската асоцијација во земјата Али Топрак.