Денеска е Меѓународен ден на бакнувањето! Причини зошто треба почесто да се бакнувате

од Stefanija Kuzmanovska

Иако не треба да има конкретна причина да се бакнете со саканата личност, направете го тоа веднаш и придружете се во прославата на Меѓународниот ден на бакнувањето!

Иницијативата 6 јули да се прослави како ден на бакнување дојде од Велика Британија пред 16 години, кога беше организиран национален натпревар во оваа „дисциплина“.

Овој „празник“ секоја година се слави неформално со идеја да ги потсети луѓето на едноставните задоволства што ги носи бакнежот.

Експертите велат дека бакнувањето позитивно влијае на целото тело – го подигнува расположението, ја поттикнува циркулацијата и согорува калории.

Еве уште неколку причини зошто треба почесто да се бакнувате.

Ја ублажува болката
Бакнувањето помага да се подигне прагот на толеранција на болка, бидејќи за време на бакнежот се ослободува ендорфин – хормон кој дава чувство на среќа и еуфорија.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Бакнувањето ја зголемува активноста на имуните клетки. Ова му овозможува на телото да произведува антитела и ефикасно да се бори против инфекциите. Бакнежите доведуваат до ослободување на хистамин, што ја намалува веројатноста за алергиски реакции.

Го намалува стресот
Дали знаевте дека три хормони на среќата влегуваат во крвотокот за време на моментите на бакнување? Тоа се допамин, серотонин и окситоцин. Првиот дава желба за живот, вториот ја ублажува болката, а третиот ја претставува љубовта меѓу партнерите.

Слични содржини