Десет блиски соработници на Трамп имаат корона

од Vladimir Zorba

Десет блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп се позитивни на коронавирус. Меѓу нив се и шефот на кампањата Бил Степиен и советникот Крис Кристи.

Седум заразени лица беа на презентацијата на изборот на Трамп за Врховниот суд во Роуз Гарден во Белата куќа.

Меѓу заразените лица блиски до претседателот Трамп се и неговата сопруга Меланија, помошничката Хоуп Хикс, Келиен Конвеј, Рона МекДаниел, Крис Кристи, Бил Степиен, Мајк Ли, Том Тилис и Џон Џенкинс.

Гувернерот Кристи, советник на Трамп, изјави пред медиумите вчера, пред да дознае дека е позитивен на коронавирус, дека никој не носел маска за време на подготовките за ТВ дебатата во вторникот со ривалот на претседателот, демократот Бајден.

„Никој не носеше маска во просторијата каде што го подготвувавме претседателот за дебатата. И тоа беше група од пет или шест лица“, рече советникот.

Меѓу нив беше и асистентката на Трамп, Хоуп Хикс, за која се верува дека прва имала симптоми, по што следел Стивен.

Лекарот на Трамп, Шон Конли и неговите колеги на денешната прес-конференција објавија дека американскиот претседател е доста добро и дека досега не примал кислород. Тие исто така споменаа дека ги имал првите симптоми пред 72 часа.

Да потсетиме, Трамп објави на Твитер во четвртокот вечерта, според локалното време, дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус.

Слични содржини