Детали од МВР за пукањето на „Пластичарска“: Починал 29-годишник

од Nikola Popovski

На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање, информираат од МВР за „Локално“ за синоќешната престрелка на улицата позната како „Пластичарска“.

Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

-Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, истакнуваат од полицијата.

Повредените лица се надвор од животна опасност. Екипи на Јавното обвинителство и на МВР веднаш излегле на терен и вршеле увид.

Според неофицијални информации, починатиот бил музичар. На пукањето му претходела масовна тепачка.

Слични содржини