Полицијата на северот од Охајо тргна во потера по 10-годишно дете, кое возејќи автомобил бегаше повеќе од 70 километри.

Детето било дома и ја чекало сестра му да го одвезе во училиште, а потоа одлучило да го земе семејниот автомобил и да се повози. Кога сфатила што се случило мајката тргнала по него.
Детето излегло на автопат западно од Кливленд околу 9.30 часот и стиснало на гаста. Возел Toyotа Avalon од 2004 година со брзина од 160 km/h низ три окрузи. Во потерата се вклучила полицијата која го следела повеќе од 70 км, а на крај успеала да го сопре. Детето успеало да го избегне сообраќајот, како и полициските бариери, за на крај да удри во сообраќаен знак, каде е сопрен.
Момчето давало отпор и плукало, а со нозете се обидувало да ги удри полицајците. Во инцидентот никој не е повреден, но ова е веќе втор пат оваа недела, дете да украде автомобил и да излезе на автопат. Таткото на детето смета дека за лошото однесување и за возењето виновни се видео – игрите.