Детска клиника: Платите и дежурствата се исплаќаат по добиена согласност од Фондот

од Vladimir Zorba

Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари поврзана со исплатата на плати и дежураства ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ја информира јавноста дека по добиената согласност од ФЗОМ од 26.01.2023 година, направени се пресметки за исплата на плати за месец 12/22 и 01/23 и по исите ќе биде постапено во целост, соопштија од Детската клиника.

По однос на исплата на надоместоци за дежурства за месец 08/22 и 09/22 извршена е исплата, а за месеците 10/22, 11/22, 12/22 и 01/23 ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ.

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ги поддржува приватните специјализанти во обавување на својата специјализација, но исплатата на плати и надоместоци од плати може да се врши исклучиво согласно Законот за здравствена заштита, а по добиена согласност од ФЗОМ, се вели во реакцијата.

Слични содржини