Девојка на Инстаграм ја пронашла својата двојничка, па ја избодела 50 пати, и помогнал Албанец од Косово

од Radmila Tasevska

Ирачанката Шарабан К. (23) од Германија ја барала својата двојничка на Инстаграм и ја убила со пријател за да ја лажира сопствената смрт, велат обвинителите во Баварија.

Кога телото на младата жена покриено со крв беше пронајдено минатиот август во паркиран мерцедес во Инголштад, јужна Германија, извештаите првично ја идентификуваа жртвата како Шарабан К., 23-годишна козметичарка со ирачки корени од Минхен.

Иако некои членови на семејството на Шарабан К. го идентификувале телото, извештајот од обдукцијата следниот ден покрена прашања за нејзиниот идентитет. Жртвата на крајот беше именувана како Кадидија О. (23), алжирска блогерка за убавина во соседната држава Баден-Виртемберг, пишува Гардијан.

Со долга црна права коса, сличен тен и тешка шминка, двете жени изгледаа „неверојатно слично“, соопшти полицијата, што го поттикна германскиот печат да го нарече случајот „двојно убиство“.

Заедно со 23-годишен дечко од Косово, по име Шеќир К., Шарабан беше приведена од баварската полиција на 19 август 2022 година, иако властите до оваа недела јавно не шпекулираа за мотивот за убиството. Жртвите и обвинетите се посочуваат по име и иницијал како што е вообичаено во германскиот правен систем.

„Истрагите нè наведоа да претпоставиме дека обвинетата сакала да се скрие поради семејна расправија и во таа смисла ја лажирала сопствената смрт“, рече Вероника Гризер од државното обвинителство во Инголштад.

Полицијата вели дека Шарабан контактирала со неколку жени кои личеле на неа, преку социјалните мрежи под бројни псевдоними, една недела пред убиството.

Потоа почнала да договара состаноци со нив. Една од жените – Кадиџа, се согласи да се сретне со „двојничката“.

Шеќир и Шарабан, наводно, ја зеле со автомобил од нејзиниот стан на денот на убиството. Во дел од шумата меѓу Хајлброн и Инголштад, обвинетиот пар наводно измислил изговор за Алжирката да излезе од возилото и ја избоделе до смрт.

„Оружјето со кое е извршено злосторството не е пронајдено, но има многу докази“, изјави портпаролот на полицијата Андреас Ајкел за таблоидот „Билд“. Жртвата била убиена со преку 50 убоди, а лицето и било целосно изобличено.

Обвинителите тврдат дека двојката потоа ја кренала жртвата на задното седиште во нивниот мерцедес и се упатила кон Инголштад, паркирајќи го автомобилот во мирна станбена зона на брегот на Дунав, каде што родителите на Шарабана К. го откриле непосредно пред полноќ на 16 август 2022 година.

Иако истрагата беше во тек и допрва требаше да се испитаат дополнителни сведоци, на 26 и 27 јануари беа издадени налози за апсење на Шеќир К. и Шарабан К., изјави портпаролот на обвинителот од Инголштад. Двојката се соочува со доживотна затворска казна доколку бидат прогласени за виновни.

„Не добивате ваков случај секој ден, особено со таков спектакуларен пресврт“, изјави Ајкел за Билд. „На денот кога го најдовме телото, немаше ништо да не подготви за овој развој“, додава тој.

Слични содржини