Девојката на Кијану Ривс ја навредуваат поради изгледот, а тој објасни се во една реченица

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс веќе подолго време е во врска со уметничката Александра Грант.

Двојката ретко се појавува заедно во јавност, а многумина сметаат дека причината за тоа се критиките за изгледот на Александра.

Имено, иако е 11 години помлада од актерот, многумина велеа дека е „стара, запуштена, грда, непривлечна и недоволно убава за Ривс“, пишува „Blitz Woman“.

Судејќи според неодамнешниот одговор на актерот на прашањето за последен пат кога почувствувал вистинска радост, би се рекло дека тие не обрнуваат внимание на негативните коментари.

„Пред неколку дена со мојата сакана… Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме и смеевме. Се чувствувам одлично. Беше многу убаво што сме заедно“, изјави актерот за магазинот People.

Слични содржини