Десетгодишната Алина од Русија објави видео на Youtube во кое вели дека е тажна затоа што никој не дошол на собирот кој го организирала, а во снимката и се расплакува.

Собирот, таканаречен „mit and grit“, бил наменет за нејзините обожуватели на социјалните мрежи, што е тренд кај другите Youtube „влогери“.
На снимката Алина вели дека многумина потврдиле дека ќе дојдат на собирот, но дека никој не се појавил, а ги чекала половина час во паркот.
Снимката ја прегледале два милиони луѓе, а добила и илјадници нови претплатници.
Освен оние кои под снимката и оставаат зборови на утеха, се јавија и загрижени корисници кои се прашуваат како е можно десетгодишно дете да го организирало сето ова. Многумина се прашуваат каде се нејзините родители додека нивното девојче е само во паркот, кој може да биде опасен за дете без надзор, а чека луѓе кои ги познава само од социјални мрежи.
„Подобро што никој не дошол, отколку таму да се појави педофил“, вели една корисничка.
Но за да ја утешат, многу влогери од Русија и рекоа дека ќе организираат собир и дека сите ќе дојдат.