Дванаесетгодишно девојче се опоравува од тешките изгореници што ги доби на телото откако се вклучила во опасен предизвик кој се шири на интернет.

Нејзината мајка Бренди Овенс минатиот петок ја разбудил силен татнеж, а неколку минути подоцна ја видела ќерката Тимија како трча низ ходниците, додека телото и било во пламен.
„Протрча низ ходникот покрај мојата соба. Телото и гореше од колена до косата. Почнав да вриштам. Моето дете! Беше ужасно“, вели мајката од Детроит.
Таа и нејзиниот сопруг веднаш почнале со крпи да и го гасат телото, па ја ставиле во када и ја полиле со ладна вода.
„Си ги изгорев рацете. Беше вистинска траума да се види како гори“, вели овенс.
Девојчето е пренесено во детската болница, каде ќе остане следните неколку месеци додека не се опорави од изгорениците од втор и трет степен кои ги добила на 49 отсто од телото.
Девојчето било оперирано и ставена и е привремена вештачка кожа, а треба да биде оперирана уште три пати.
Дури по инцидентот жената открила што се случило. Другарките на ќерка и и кажале дека има предизвик на Интернет во кој луѓето се полеваат со алкохол и го палат.
„Бев толку лута. Не можев да верувам, дека тоа го направила. Таа е подобра од тоа. Не знам за што размислувала кога одлучила да го направи овој луд потег“, изненадека е мајката на пет деца.
Тимија се уште не може да зборува, па не може да и каже на мајка и дали учествувала во ткн. „огенен предизвик“, што се шири на фејсбук и твитер.
„Следете ги своите деца, проверете што работат. Ако можете да ги контролирате нивните телефони, ви го препорачувам тоа. Сега работам со другите деца. Ја научив лекцијата“, вели мајката.