Девојче собори рекорд: Шест часа пееше на 102 јазици

од desk2
122 прегледи

Дванаесетгодишната Сучета Сатиш, Индијка која живее во Дубаи, неодамна истовремено собори два Гинисови рекорда пеејќи песни на дури 102 јазици за време на концертен настап кој траеше импресивни шест часа и 15 минути.

Таа е ученичка во седмо одделение во индиското училиште во Дубаи, а за настапот почнала да се подготвува пред една година. Порано пеела на неколку различни индиски јазици и на англиски, а странските јазици, од секогаш ја фасцинирале.

Ова било единствена пилика да научи што повеќе јазици.

Настапот за рекорд го отпеа на 25 јануари пред публика во индискиот конзулат во Дубаи.

Претходните рекорди ги држеа Индиецот Кесариу Сринивас, познат како Газал Сринивас, кој во 2008 година пееше песни на 85 јазици, и Романката Андра Гоган која пееше три часа и 20 минути.