Девојка пријавила лажно силување

од Nikola Popovski

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против млада девојка за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

-На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с .Џепчиште. После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело, појаснија од МВР.

Слични содржини