Џака за критичарите на Арсенал: Вие не знаете што се случува во тимот

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака изрази мислење дека многумина ја критикуваат играта на тимот, иако не знаат што всушност се случува во тимот. Тимот од Лондон имаа серија од четири последователни порази со гол разлика 1:8 пред победата над Милан со 2:0.

“Многу луѓе зборуваа за нас однадвор, но никој не знае што точно се случува внатре во тимот. Ние покажавме единство, покажавме дух и карактер во натпреварот со Милан. Секој знае дека последните четири натпревари ги изгубивме, затоа беше тешко за нас, но во натпреварот со Милан покажавме добра игра“, рече Гранит Џака.

Арсенал е на шеста позиција по 29 круга во Премиер лигата. Фудбалерите на Арсен Венгер имаат 45 поени, што значи заостанување на цели 33 од лидерот Манчестер Сити.

Слични содржини