Џеј Ло го “запали” Интернетот

од desk2

50-годишната Џенифер Лопез се појави на модната недела во Милано и ја затвори ревијата на модната куќа Версаче, во современа верзија на провокативниот зелен Версаче фустан кој го носеше во 2000 година на доделувањето на Греми наградите.

 

Пејачката која со право ја носи титулата на секс бомба уште еднаш докажа дека годините не ѝ можат ништо.

Џенифер која тогаш имаше 31 година, го воодушеви целиот свет кога се појави во зелениот проѕирен фустан со длабок изрез и гол грб, додека 19 години подоцна дебитираше на модната писта во речиси идентична креација и ги остави во неверување сите посетители на модната недела.

На крајот на самата ревија се слушнал глас кој му кажал на Гугл да прикаже фотографии од “оној зелен Версаче фустан”. На екраните поставени ширум двораната се појавил легендарниот фустан, а потоа Донатела рекла: “Сега покажи ми го токму тој фустан”. На нејзиното барање, на пистата се појавила Џеј Ло која предизвикала воодушевување кај публиката. Латино дивата прошетала како вистинска манекенка, а подоцна ѝ се придружила и Донатела.

Слични содржини