Џеј Ло објави емотивна фотографија за роденденот на близнаците (ФОТО)

од Elena Daskalova

Близнаците Еме и Макс наполнија 12 години, а нивните родители, Џенифер Лопез и Марк Ентони им порачаа дека им го направиле животот поубав.

На 22 февруари 2008 година, животот на Џеј Ло се променил од корен и од тој ден нејзин приоритет се токму децата.

„Тие ми дадоа нов правец на животот. Ми помогнаа да сфатам што е вредно, а што не, ме променија“, изјавила тогаш пејачката.

Неодамна, Еме се појави на сцената на Супербол заедно со својата мајка и со Шакира. За неа публиката вели дека накратко успеала да го украде целото шоу и да го насочи вниманието на публиката кон себе.

„Знам дека ако сакам нив животот да им е убав, мора мојот да биде одличен и да сменам некои нешта“, изјави своевремено Џеј Ло.

На Инстаграм, таа напиша: „Знам дека наполнивте 12 години, но мене секогаш ќе ми бидете бебиња. Среќен роденден, мои убави кокоси“, напиша таа под фотографијата.

Слични содржини