400
Лука Дончиќ е одличен кошаркар, со словенечко потекло, кој во моментов игра во Далас Маверикс.
За магазинот „Slam“ тој неодамна открил дека иако уште од 13 години заминал од Словенија во Шпанија, сè уште ја обожава музиката која потекнува од екс-ју просторите.
Па така, тој открива дека на прво место му е „Чија си“ од Тоше Проески, потоа „9000 метри“ од Жељко Самарџиќ и „Славија“ од Џеј и Мина Костиќ.
Покрај веќе големите хитови, тој слуша и актуелна музика, а меѓу најомилените му е „Ла Мајами“ на Ем-си Стојан.