Џејмс Камерон покрена тајна мисија за спасување на богатството од Титаник

од desk2
152 прегледи

Режисерот на филмот „Титаник“ Џејмс Камерон покрена тајна мисија вредна 19 милиони долари за да го спаси богатството од потонатиот брод и да го донесе во Велика Британија.


Камерон се здружил со д-р Роберт Балард кој ја откри палубата на потонатиот Титаник заедно со Националниот поморски музеј во Гринич и Географското друштво Ројал за да врати 5.500 предмети во Белфаст каде е изграден Титаник
Планот е откриен на суд во Вирџинија минатата среда кога фирмата RMS Titanic Inc која ги поседува ексклузивните сопственички права на сите од бродот, прогласи банкрот.

Бродот потоа во април 1912 година. Повеќе од 1.500 од 2.245 патници загинаа во оваа трагедија која се случи на патот од Саутемптон до Њујорк. Иако повеќето предмети од бродот јавноста ги видела, многу се суште се скриени во магацин во Америка.
Океанографот д-р Дејвид Гало кој во 2010 година ја водеше експедицијата за мапирање на палубата на бтодот ги посети артефактите минатата недела.

„Секој предмет, писмо или фотографија раскажуваат една приказна. Време е тие предмети да се покажат на јавноста и најдобро место за тоа е Велика Британија во која и е роден Титаник“, вели Гало.

Д-р Балард кој ги пронајде остатоците во 1985 година вели дека ќе направи се за да се вратат предметите зада бидат изложени во музеј.

„Џејмс има посебна емотивна врска со бродот, а има и моќ и пари да го сотвари тоа“, вели тој.

Од комапнијата истакнуваат дека најважно им е предметите да бидат сочувани за следните генерации. Тие ќе бидат продадени на еден купувач.

https://www.youtube.com/watch?v=zJfO0B6TS7k