Џеко се договори со Интер, се чека на Рома

од Vladimir Zorba

Италијанците повторно се распишуваа за трансферот на Един Џеко, и овој пат, според тврдењата на неколку реномирани медиуми како „Тутомеркато“, „Кориере дело Спорт“ и други, Џеко речиси сигурно ќе се пресели во Интер.

Целата приказна започна особено по информацијата дека заминува првата sвезда на Интер и напаѓачот на тој клуб, Ромелу Лукаку, за кого Интер би можел да заработи околу 115 милиони евра.

Џеко не влезе во игра на последниот пријателски натпревар против Бетис, а причината може да биде токму неговото претстојно заминување.

Един наводно истакнал дека има понуда од Интер, кој му нуди двегодишен договор вреден 4,5 милиони евра со бонуси, а Рома е подготвена да го ослободи, според Италијанецот.

За Бошњакот се огласи и познатиот новинар Николо Шира, а тој на својот Твитер објави дека агентот на Џеко веќе ги договорил сите детали од договорот со Интер и дека се чека само согласност на Рома.

Слични содржини