Џеко се уште се бори против коронавирусот

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Рома, Един Џеко, и понатаму е позитивен на коронавирусот и може да го пропушти претстојниот натпревар со Парма во Серија „А“.

Како што објави агенцијата „Анса“, босанскиот фудбалер има мало вирусно оптоварување, но сепак е позитивен и ќе биде повторно тестиран во следните неколку часа.

Како што се наведува, Џеко беше тестиран вчера и резултатите беа позитивни, но клубот се надева дека новите тестови може да покажат негативен резултат за коронавирусот.

Доколку резултатите се негативни, Џеко ќе помине тестирање за физичка подготвеност, пред да се врати на тренинг со тимот.

Џеко поради коронавирусот го пропушти првенствениот натпревар против Џенова, но и натпреварите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Дополнителни проблеми за римскиот клуб се труењето со храна на Крис Смолинг, кој исто така е неизвесен за неделниот натпревар.

Според италијанските медиуми, англискиот фудбалер не тренирал со тимот, туку самостојно и неизвесно е дали ќе се опорави на време за натпреварот против Парма.

Слични содржини