Џеко: Треба храброст да досудиш пенал против Барса

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Рома, Един Џеко е на исто мислење со тренерот на „волците“ Еузебио ди Франческо во однос на судијата Дани МекКели, кој раководеше со дуелот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите против Барселона (1:4).

“Од првите минути, се обидовме да дејствуваме на наш вообичаен начин, да притисниме премногу високо, и покрај фактот дека Барселона навистина е силен тим.

Мислам дека поразот од 4:1 е многу суров. Секако, по нашите грешки дојдоа три гола. Но, ако судијата досудеше пенал во наша корист во самиот почеток на дуелот, по ситуацијата во казнетиот простор, сè можеше да се развие на друг начин.

Но, јас разбирам дека судијата мора да има храброст да досуди пенал против Барселона на „Камп Ноу“. Мислам дека треба да постои ист став кон сите тимови“, рече Џеко.

Слични содржини