
Дарежлив се покажа Дедо Мраз за Џенифер Лопез и тоа во лицето на нејзиното момче Алекс Родригез, кој за неа и купи авион. Бејзбол играчот пристигнал со раскошното летало кое може да прими до 14 лица.
Алекс не жалел ништо за неговата сакана, и овој дар е доказ за тоа. Со него целото големо семејство може да патува до различни посакувани дестинации. Авионот е моќен и негови слики веќе се појавија во медиумите, забележува OK Magazine.
Со него Алекс, во друштво на Ло и децата, ќе одат на божиќно патување на Бахамите, каде според пишувањата би требало да ја официјализираат врската со предлог за брак.
Пејачката и спортистот ја почнаа својата врска во есента минатата година. На почетокот тие ја скриваа својата романса. Сега, љубовниците често објавуваат заеднички фотографии на нивните страници на Instagram.
